Исланѓанецот Роберт Рагнар Спано е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права и функцијата ќе ја преземе на 18 мај годинава, јавува МИА.

Спано ќе ја наследи претседателската функција од Линос-Алекснадар Сицилианос (Грција).

Судијата Роберт Спано е роден на 27 август 1972 година, во Рејкјавик. Завршил правни студии и е магистер по европско и компаративно право. Работел како правник во канцеларијата на народниот правобранител на исландскиот Парламент, а исто така бил професор на Правниот факултет во Исланд.

Меѓу другото извршувал и други функции поврзани со заштитата на човековите права.

Тој покрај високи функции во исландските и европските правосудни органи, на 1 ноември 2013 година бил избран за Судија во Европскиот суд за човекови права. Во судот бил претседател на секција од 1 мај 2017 година до 30 април 2019 година и потпретседател на Судот од 5 мај 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.