По 15 месеци континуирани посилни или послаби мерки, Исланд најави дека од утре ќе ги укине сите национални мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот.
Мерките за одржување на дистанца, носење маски, ограничување на бројот на учесници на собири, како и ограничување на работата во кафулињата и рестораните, од утре веќе нема да бидат на сила, објави премиерката Катрин Јакобсдутир на прес-конференција.
Оваа одлука, прва во Европа, е донесена во согласност со календарот од четири фази на укинување на ограничувањата на територијата на Исланд.
Планот, објавен кон крајот на април, предвидува укинување на сите национални мерки во втората половина на јуни, доколку „дотогаш околу 75 проценти од жителите постари од 16 години примат барем една доза од вакцината“. На Исланд, 87,6 проценти од луѓето постари од 16 години или околу 295.000 од вкупното население од 365.000 жители, досега примиле барем една доза на вакцина.
Но, ограничувањата на границите се уште остануваат на сила, со задолжителен негативен тест за PCR или два тест за PCR по петдневна изолација за невакцинираните патници. Патниците со сертификат за вакцинација или прележан вирус, кои досега мораа да се тестираат по пристигнувањето, по 1 јули веќе нема да мора да го прават тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.