Хуманитарната организација „Save the Children“ објави дека исламски милитанти убиваат деца во северната провинција на Мозмбик, Каво Делгадо. Како што пренесува „Би-БиСи“, досега се убиени повеќе од 2.500 лица, а 700 илјади ги напуштиле своите домови откако во 2017 година започнале нападите на милитантите кои се поврзуваат со Исламска држава.
Во извештајот на организацијата се објавени и разговори со бегалци кои посведочиле ужасни сцени во покраината богата со природен гас. Мајка зборува за тоа како морала да го гледа убиството на 12-годишниот син додека со останатите деца се криела во близина.
Таа ноќ нашето село беше нападнато, куќите запалени. Кога почна сè бев дома со моите четири деца. Се обидовме да побегнеме во шумата, но го киднпираа мојот најстар син и го обезглавија. Не можев да направам ништо, зошто и нас ќе нè убијеа, раскажуваа таа.
Друга жена, пак, исто сведочела на убиството на синот.
Со дуригите деца побегнав во куќата на татко ми во друго село, ама по неколку дена дојдоа и таму, вели таа.
Според Ченс Бригс од „Save the Children“, организацијата сè уште не може да утврди што точно стои позади овој терор.
Мозамбик е осма најсиромашна земја во светот, а Кабо Делгадо е најсиромашната провинција во земјата, но земјата е изобилува со минерални богатства. Веројатно нивната нечесна распределба е причина за конфликтите, но не само што нема докази, туку нејасна е каква е мотивацијата на милитантите и каква игра се игра, вели тој.
Бунтовниците познати под името „Ал-Шабаб“ јавно се заколнаа на верност кон Исламската држава, но не кажале кои им се мотивите или барањата, ниту пак кој им е лидер.
Во видео објавено минатата година еден од милитантите рече дека ги окупираат градовите за да покажат дека владата е корумпирана.
Ги понижуваат сиромашните и целиот профит оди кај нив, рече тој, продолжувајќи да зборува за Исламот и за неговата желба со Мозамбик да владее исламистичка влада, а не „неверници“.
Владата на Мозамбик побара мешународна помош за гушење на побуната. Обединетите нации овие злосторства ги опишуваат како „неискажливо сурови“.
Американската амбасада во главниот град Мапуто извести дека американските војници два месеца ќе ги тренираат војниците на Мозамбик, ќе им донираат медицинска и комуникациска опрема, со цел да им помогнат во борбата против исламистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.