Палестинското радикално движење Исламски џихад се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај, објави весникот „Тајмс Оф Израел“.
Ние ќе го спречиме непријателот да успее да ја организира секоја манифестација со кој има цел да нанесе штета на палестинската кауза, се вели во соопштението на екстремистичката организација.
Предупредувањето следи во момент кога делегациите почнуваат да пристигнуваат во Израел на популарната Евровизија и неколку часа откако од палестинска територија беа истрелани над 200 ракети на израелска територија.
Израелските власти за нападите ги обвинија токму Исламски џихад и радикалното движење Хамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.