Најмалку 26 војници загинале во напад на терористичката група Боко Харам во Чад, во централна Африка.
Четиринаесет други војници се повредени во нападот, изведне во регионот на езерото Чад – изјави портпаролот на армијата, Азем Бермандоа Агуна.
Тој додаде дека десетици напаѓачи се убиени, но не даде конкретни бројки.
Исламистичката терористичка група Боко Харам е активна во североисточна Нигерија, но, во поново време почна напади и во Чад.
Бунтовниците од Боко Харам со години ја тероризираат нигериската држава Борно, во која изведуваат самоубиствени бомбашки напади и напади со тешко огнено оружје. Нигериската војска се бори со Боко Харам повеќе од една деценија, но нема голем успех.
Во Чад во моментов владее привремен воен совет по ненадејната смрт на долгогодишниот владетел Идрис Деби Итно во април. Со воениот совет претседава синот на Деби Итно, Махамат.
Чад, поранешната колонија на Франција, е земја богата со нафта, а многу сиромашна..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.