Израелск германски воени авиони спроведоа историско заедничко прелетување преку германска територија.
Летот се одвиваше над Дахау, каде што нацистичка Германија во 1933 година го изгради својот прв концентрационен камп.
Дел од заедничките маневри на израелските и германските авиони беше и прелетото над поранешниот нацистички аеродорм Фурстенфелдбрук, во близина на Минхен, каде што палестински терористи застрелаа девет израелски спортисти и тренери за време на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.
Двајца Ираелци беа убиени претходно.
Овој заеднички прелет се случува во рамки на заеднички дво-неделни воздухопловни вежби на Израел и Германија.
Ова е прва заедничка воена вежба на израелското воздухопловство на германска територија. Минатата есен слични заеднички маневри на израелски и германски авиони се одржаа во Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.