Заменик-министерот за здравство на Иран, Ирај Харирчи, е заразен со коронавирус.
Тестовите што ги направил се покажале позитивни и тој веднаш бил ставен во карантин, а веста ја потврдил портпаролот на Министерството здравство во интервју за иранската државна телевизија.
Во Иран досега се починати околу 15 лица како последица на коронавирусот, а потврдени се 95 случаи на заразени. Министерот Јаханпур изјавил дека многу случаи со коронавирусот се поврзани со шиитскиот верски центар Комо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.