Неименуван висок ирански официјален претставник порачал дека Иран нема да го стопира збогатувањето на ураниум за 20 проценти се додека САД не ги отстранат сите санкции кон државата. Ваквиот став доаѓа како одговор на извештаите на американски медиуми дека Вашингтон може да понуди нови услови за договорот пред да почнат новите нуклеарни разговори.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека сака да го вклучи Иран во разговорите насочени кон исполнување на двете страни од договорот, според кој економските санкции кон Иран ќе бидат укинати, ако за возврат ја ограничи амбициозната програма за нуклеарно оружје, која Техеран ја негира.
Висок ирански официјален претставник за Прес ТВ изјави дека Техеран ќе прекине со збогатувањето на ураниум за 20 проценти само доколку САД прво ги укинат сите санкции кон Иран – објави државната телевизија Прес ТВ на својата веб-страница.
Официјалниот претставник нагласил и дека ако работите не се променат, Техеран се помалку ќе ги почитува своите обврски од нуклеарниот договор во 2015 година, предупредувајќи дека времето за Вашингтон истекува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.