Иран разгледува 13 „одмазднички сценарија“ за да им воздрати на САД за нападот во кој беше убиен иранскиот командант во Ирак, соопшти секретарот на иранскиот Врховен национален совет, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс.

Американците би требало да знаат дека Советот досега разгледа 13 одмазднички сценарија и која би се извршило и најприбраното сценарио, би можело да биде кошмар за Американците“, кажа Али Шамхани.

На погребот на командантот на иранските единици Кудс во рамки на иранската Револуционерна гарда Касем Сулејмани присуствуваа илјадници Иранци.

Ќе се одмаздиме, моќно и жестоко, за Американците да зажалат за својот чин“, кажа командантот на Револуционерната гарда Хусеин Салами на погребот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.