Падот на украинскиот авион во средата само го засили меѓународниот притисок врз Иран по месеците напнатост со САД и размената меѓусебни напади. Минатата недела Вашингтон во Ирак го уби иранскиот генерал Сулејмани и предизвика ирански одговор и напад на американски цели.
САД и Канада, чиишто 57 државјани загинаа во авионската несреќа, го обвинија иран за соборување на авионот, а во тие тврдења се наведуваше дека соборувањето било случајно.
Иранскиот шеф на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф на Твитер напиша дека истрагата во рамките на вооружените сили покажала дека падот на украинскиот боинг 7370-800 е резултат на „човечка грешка во момент на криза предизвикана од американскиот авантуризам кој доведе до катастрофа“.
Во соопштението на иранската војска, во кое се објавува дека авионот бил погоден со ракета и се изразува сочувство до семејствата на загинатите, се наведува дека авионот летал многу блиску до чувствително воено подрачје кое ѝ припаѓа на елитната Револуционерна гарда.
Исто така, се наведува дека одговорните страни пред правните воени инстанци ќе преземат одговорност. Снимките од мобилните телефони направени по падот на авионот и кои кружат на Твитер меѓу обичните граѓани, покажуваат дека падот на авионот бил проследен со експлозија.
Иран во четвртокот објави дека ќе ги прегледа подароците од свете црни кутии за да утврди што се случило, иако тогаш наведуваше дека процесот би можело да трае една недела до два месеци.
Техеран тогаш наведе дека би побарал помош од Русија, Канада, Франција и Украина, но тогааш би траело година-две.
Многу од жртвите се ирански државјани. Првично Иран ги отфрлаше обвинувањата дека е одговорен за падот на авионот во близина на Техеран нарекувајќи ги „психолошка војна“.
Иранскиот претседател Хазан Рохани потврди дека неговата земја длабоко жали што се урнал украинскиот авион и што се случила „голема трагедија и непростлива грешка“.
Интерната истрага на вооружените сили заклучи дека за жал по грешка била испалена ракета која предизвикала уривање на украинскиот авион и смрт на 176 невини луѓе, нашиша Рохни на Твитер додавајќи дека „истрагата продолжува за да се изведе виновникот пред лицето на правдата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.