Иранскиот министер за разузнавање, Махмуд Алави, предупреди дека земјата би можела да се фокусира на развој на нуклеарно оружје доколку останат на сила меѓународните санкции против Техеран.
Коментарите на Алави се исклучително редок случај во кој владин претставник споменува дека Иран може да почне со развој на нуклеарно оружје. Официјален Техеран долго време тврди дека програмата е само за мирни цели.
Нашата нуклеарна програма е мирна и фатвата (исламска одлука) на врховниот водач забранува создавање нуклеарно оружје, но доколку го туркаат Иран во таа насока, нема да биде виновен Иран, туку вина ќе имаат оние што ја туркаат државата – изјави Алави за иранската државна телевизија.
Според него, Иран не планира да прави нуклеарно оружје во сегашните околности.
„Волстрит џурнал“ во саботата објави дека инспектори на ОН пронашле траги од радиоактивен материјал на иранските нуклеарни локации, што укажува на тоа дека се работи на нуклеарно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.