Силен ураган се приближува кон областите во јужниот дел на Иран.
Службата за безбедност на пристаништата и поморската организација на Иран соопшти дека се очекува ветрови и големо невреме да го погодат иранскиот брег од Макран на пакистанската граница до Ормутскиот теснец од 30 септември до 4 октомври.
Од 30 септември многу силно невреме ќе ги зафати сите крајбрежни области од Макран и Чабахар до Ормутскиот теснец. Ги повикуваме сите засегнати страни да го имаат предвид нашето предупредување. Бурата ќе трае до 4 октомври – се наведува во соопштението.
Метеоролошката организација на Иран предложи формирање кризен штаб во земјата за носење одлуки поради актуелните услови во крајбрежните провинции Систан и Балуџистан и Хормозган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.