Портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, потврди дека Иран во моментот произведува збогатен ураниум до 20 проценти.
Околу 19.00 часот (понеделник во 15.30 часот по средноевропско време), достигнавме производство од 20 проценти – објави Камалванди во интервју емитувано на Иранската државна телевизија.
Тој додаде дека по достигнување на 20 отсто, процесот на производство на таков ураниум треба да стане целосно стабилен.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Иран почнал процес за производство на збогатен ураниум до 20 проценти во комплексот Фордо, што е ново кршење на нуклеарниот договор од 2015 година.
Иранскиот Парламент неодамна донесе одлука за зголемување на нивото на збогатување ураниум по убиството на иранскиот физичар Мохсен Фахризадех. Иран се сомнева дека Израел стои зад убиството на научникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.