Иран ја претстави својата втора домашна вакцина против коронавирусот и соопшти дека започна со тестирање на луѓе, објави денеска ирачката државна телевизија.

Вакцината „Рази Ков Парс“, произведена од Институтот за истражување на вакцини и серуми „Рази“, ќе се тестира на 13 лица во рок од осум дена, и доколку не се појават сериозни реакции, ќе се тестира на групи од 20 до 120 лица, изјави управителот на Институт Али Ешаки

Тој рече дека вакцината е веќе тестирана на животни, вклучувајќи глувци, зајаци, хрчаци и мајмуни.

Иран работи и на производство на заедничка вакцина со Куба.

Официјален Техеран планира да увезе 17 милиони дози вакцини преку програмата КОВАКС и милиони дози од други земји.

Оваа земја со повеќе од 83 милиони жители се бори е земја која е најтешко погодена од коронавирус на Блискиот исток



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.