Иран го отфрли повикот на САД да им дозволи на инспекторите на Обединетите нации пристап до нуклеарниот комплекс во иранскиот град Карај.

Официјален Техеран објави дека Вашингтон, кој не го осуди диверзантскиот напад врз тој објект, не е квалификуван да бара инспекциски надзор.

Земјите кои не ги осудија терористичките акти врз иранската нуклеарна локација не се квалификувани да коментираат за тамошните инспекции – порача шефот на иранската Организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, за време на посетата на Москва.

САД вчера соопштија дека Иран мора да престане со забрана на нуклеарната агенција на ОН да пристапува до постројката за производство на центрифуги за збогатување ураниум во Карај, во согласност со договорот од пред две недели или во спротивно ќе се соочи со дипломатска одмазда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.