Шефот на Организацијата за цивилна одбрана на Иран, бригадниот генерал Голам Реза Џалали, обвини дека САД и Израел стојат зад кибер нападот, што го собори системот за снабдување со гориво.
На 27 октомври, иранските бензински пумпи беа цел на кибер напад, при што многу од нив беа затворени затоа што возачите претпочитаат да ги полнат резервоарите со картички за гориво, кои им овозможуваат да купуваат бензин по подобри цени.
Во средата беше нормализирана работата на сите бензински пумпи, а проблемот не доведе до поскапување на горивата.
Според последните податоци од истрагата за кибер нападот, претходниот извршен врз државната железница е сличен на оној против системите за бензински пумпи. Затоа овој кибер напад е дело на САД и Израел – изјави Џалали.
Ова не е првпат да се случуваат вакви кибер напади врз државни институции и организации во Иран. Во јули беа исклучени компјутерските системи на Министерството за транспорт. Како резултат на напад на државните системи за управување со железницата, дојде до проблеми со движењето на возовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.