Поранешен вработен во министерството за одбрана на Иран, кој продавал информации на американската Централна разузнавачка агенција, егзекутиран е минатата седмица, потврдуваат од иранското обвинителство.
Како што пренесува Ројтерс, Реза Асгари во последните неколку години од својата служба во министерството за одбрана соработувал со ЦИА и продавал информации за иранската ракетна програма.
Асгари од министерството заминал во пензија пред четери години.
Портпаролот на иранското обвинителство соопшти дека меѓу оние кои чекаат извршувањае на смртна казна е наоѓа и Махмуд Мосави Мајд, Иранец обвинет дека работел како шпион за американските и израелските разузнавачки служби.
Иран минатата година објави дека уапсиле 17 шпиони за кои тврдат дека работеле за американската Централна разузнавачка агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.