Иран испрати барање до Интерпол да издаде меѓународна црвена потерница за 48 американски официјални лица. Меѓу нив е вклучен и досегашниот американски претседател, Доналд Трамп, кој е обвинет за вмешаност во убиството на генералот Касем Сулејмани.
Портпаролот на иранското Министерство за правда, Гулам Хусеин Исмаили, изјави дека истрагата за убиството на командантот на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда се спроведува во соработка со шест земји, вклучително и Ирак.
Утврдено е дека 48 лица биле вмешани во убиството на Солејмани, вклучувајќи го и претседателот на САД како првообвинет, како и команданти и претставници на Пентагон и американски војници во регионот – изјави Исмаили.
Тој истакна дека Иран побарал од Интерпол да издаде меѓународна црвена потерница за осомничените.
Сулејмани беше убиен пред една година во напад на американски беспилотни летала во Багдад. Во тој напад загинаа десет лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.