Ирак нема да дозволи престој на неговата територија за американските војници, кои се повлекоа од Сирија. Ирачката армија соопшти дека американските сили можат само да транзитираат низ Ирак.
Соопштението на ирачката армија е во спротивност со најавите на Пентагон дека се очекува речиси илјада американски војници кои се повлекоа од северна Сирија да преминат во западниот дел на Ирак и да ја продолжат кампањата против Исламска држава и „да помогнат во одбрана на Ирак“.
Сите американски војници кои се повлекоа од Сирија добија дозвола да влезат во курдистанскиот регион за да можат да бидат транспортирани надвор од Ирак. Не постои дозвола силите да останат во Ирак, се посочува во соопштението на ирачката армија.
Се уште не е познато дали американските војници ќе го користат Ирак како база за покренување на копнени акции во Сирија и извршување на воздушни напади врз ИД.
Во Ирак се стационирани повеќе од 5.000 американски војници кои се задолжени за обука на ирачката армија и да помогнат ИД да не ја поврати контролата врз ирачка територија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.