Властите на Ирак одлучија повторно да го отворат граничниот премин, Јeмима.

Овој премин со Саудиска Арабија беше затворен пред 30 години, односно во 1991 година, веднаш по втората Заливска војна.

Отворањето на граничниот премин Јeмима беше прифатено откако саудиската страна се согласи да ја отвори својата страна на терминалот и да ја подготви целата инфраструктура – се наведува во соопштението на Ирачката погранична служба.

Во соопштението не се споменува конкретен датум за повторно отворање на граничниот премин.

Пред да биде затворен, граничниот премин беше употребуван од голем број патници, аџии и трговци кои патуваа меѓу двете земји богати со нафта.

Ирак и Саудиска Арабија во 2015 година ги обновија своите дипломатски односи што беа прекинати по ирачката инвазија на Кувајт во 1990 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.