Ирачкиот премиер, Мустафа ал-Кадеми, соопшти дека ирачките безбедносни сили го заробиле Сами Џасим ал-Џабури, кого САД го бараат поради управување со финансиите на терористичката група Исламска држава (ИД).
Џабури, кој беше и заменик на поранешниот водач на ИД, Абу Бакр ал Багдади, е уапсен од разузнавачките служби надвор од Ирак – соопшти Кадеми на Твитер.
САД нудат награда до пет милиони долари за фаќање на Џабури.
Додека служеше како заменик на ИД во јужен Мосул во 2014 година, тој служел како еквивалент на министер за финансии на ИД, надгледувајќи ги операциите за генерирање приходи на групата од недозволена продажба на нафта, гас, антиквитети и минерали – соопштија од американскиот Стејт департмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.