Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими ноќеска се извлекол неповреден во напад со беспилотно летало извршен врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад.
Премиерот Ал Казими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата – соопшти неговиот кабинет.
Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади.
Два безбедносни извора, претходно за француските медиуми потврдиле дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“ додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестирале на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.