Интерпол издадепотерница за поранешниот директор на „Нисан“, Карлос Госн, потврди денеска либанскиот министер за правда Алберт Серхан.
Тој рече дека обвинителството денеска ја примило потерницата која пристигнала четири дена откако Госн избегал од Јапонија во Либан. Црвената потерница значи меѓународен налог за апсење, а Серхан рече дека либанското обвинителство ќе ги „исполни своите обврски“, што укажува за првпат дека Госн би можел да биде изведен на распит. Серхан исто така посочи дека Либан и Јапонија немаат договор за екстрадиција, со што отпаѓа можноста Бејрут да го испорача Госн на Јапонија.
Госн беше уапсен во ноември 2018 година во Јапонија, каде што го товарат дека извршил повеќемилионска уплата на дистрибутерот на „Нисан“ во Оман. „Нисан“ дополнително го тужеше дека парите од фирмата ги пренасочил за лично богатење.
Госн (65) е обвинет за финансиски малверзации во Јапонија, а судењето е закажано за април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.