Рускиот институт „Гамалеја“ ги отфрли обвинувањата во четвртокот дека податоците за испитувањето на вакцините Ковид-19, што ги откри за медицинското списание „Лансет“, се нецелосни.
Претходно во текот на денот, извештај сугерираше дека студијата во раната фаза на вакцината „Спутник V“, развиена од руската фармацевтска институција, дала неверојатни резултати, што ги натерало група од 27 претежно европски научници да побараат од Русите да ги оправдаат резултатите.
Институтот за истражување и епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ силно ги отфрла обвинувањата изнесени од некои научници, дека нашите податоци, објавени во списанието „Лансет“, се неверодостојни, изјави заменик-шефот на научното истражување во институтот Денис Логунов, истакнувајќи дека Рецензентите на „Лансет’ ги поставија сите потребни прашања пред да ги објават наодите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.