Член на Институтот „Роберт Кох“ од Берлин предупреди дека Германија би можела до Божиќ да има дневен биланс од над 400.000 заразени со корона вирус, доколку на дневно ниво со исто темпо продолжи да се зголемува бројот на заболени од Ковид-19.

Ваквата изјава на изјава потпретседателот на Институтот, Ларс Шаде, доаѓа само еден ден по воведените нови рестриктивни мерки во Германија.

Институтот „Роберт Кох“ е главна институција во Германија која се бори против епидемијата на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.