Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди истичниот дел на Индоензија, Папу, соопшти Американската служба за геолошки надзор.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на потресот бил на длабочина од само 10 километри и дека земјотресите со толку мала длабочина можат да предизвикаат поголема материјална штета.

Американските медиуми јавуваат дека се уште нема информации за евентуални повредени или предизвикана штета.

Индонезија, држава во која живеат повеќе од 260 милиони лица, се наоѓа на таканаречениот пацифички „огнен прстен” и често пати е погодена од сеизмички активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.