Албанските власти пред неколку години почнаа агресивна акција со надеж дека со уништувањето на полињата со канабис и апсењето на одгледувачите ќе го намалат шверцувањето дрога и ќе ѝ помогнат на земјата да се приближи кон ЕУ, но дилерите постепено се префрлија во смртоносна игра тргувајќи со кокаин и хероин, пишува „Индипендент“.
Британскиот весник во опширен текст со наслов „Европската Колумбија – Како малата Албанија стана седиште на шверцување дрога на континентот“ наведува дека трговците сега, за ја користат мрежата што ја користеле за канабисот, го дистрибуираат кокаинот од Латинска Америка и хероинот од централна Азија преку Италија и другите делови од Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.