Индиската влада по повод одбележувањето на 150-тиот роденден на Махатма Ганди започна уште една еколошка кампања, од 2 октомври се забранети пластични кеси, мали пластични шишиња, чаши и сламки за еднократна употреба.
Индиската влада ќе мора да истрае во притисокот, доколку сака забраната за пластика да се спроведе на дело. Бидејќи во Индија пластичното пакување е широко распространето и вообичаено. Малите улични продавачи не можат ни да замислат да живеат без неа. Тие мислат дека најпрво треба да се изврши притисок врз производителите на пластични амбалажи. Сè додека се произведуваат полиетиленски кеси за производи, велат тие, тие ќе завршат на улица затоа што се поевтини од другите кеси.
Програмата на индискиот премиер Нарендра Моди Свач Бхарат – Чиста Индија со години како заштитен знак ги има очилата на Махатма Ганди. Моди смета дека сè уште не е сторено доволно за заштита на природата.
Затоа сега Индија, како што е најавено, сака да го зголеми својот капацитет на обновлива енергија до 2022 година на 175 гигавати, а подоцна и на 450 гигавати. 150 милиони индиски семејства се снабдуваат со гас за да можат поеколошки да готват, а има и многу други проекти насочени кон поодржливо користење на водните ресурси, рече Моди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.