Индиската и кинеската армија постигнаа договор за оддалечување на војските од хималајската област, Ладах, објавија во вторникот индиските власти, опишувајќи ги разговорите меѓу командантите на војските на овие земји како „срдечни, позитивни и конструктивни“.
Преговорите траеле повеќе од 10 часа, според претставникот на индиската армија, но двете страни успеале да постигнат договор и да дојдат до „меѓусебен консензус за да го напуштат регионот“.
Тензиите во овој регион започнаа да растат на почетокот на мај и ескалираа на отворен судир меѓу двете армии на 16 јуни, што резултираше со 20 жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.