Австралијанец на возраст од 23 години со автомобил удрил во вратата на една џамија, и ова се случило неколку часа по нападот во Нов Зеланд.
Ова се случило во Квинсленд, во саботата околу 19 часот. Откако удрил во вратата, ги навредувал верниците, а потоа си заминал дома. Претходно тој бил запрен со возилото, тестиран за дрога, и се покажало дека резултатот е позитивен.
Од џамијата рекле дека овој инцидент е „случаен“, и дека не е поврзан со масакрот во двете џамии во Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.