Португалскиот суд јa осуди британската двојка Кларк поради трговија со дрога, откако полицијата ги уапсила на крстосување со девет килограми кокаин скриен во куферите.

Како што се наведува, судот го осуди Роџер Кларк (72) и неговата сопруга Сју (71) на осум години затвор.

Нивната адвокатка најави жалба, пренесува АП.

Двојката, како што се наведува, на суд рекла дека ги насамарил некој човек од Јамајка кој им рекол да ги земат куферите.

Полицијата ја уапси брачната двојка минатиот декември, откако ја пребарале нивната кабина на бродот за крстосување кој по Карибите пристигнал во Европа и се укотвил во Лисабон.

Тие рекле дека во четири куфери нашле кокаин со улична вредност од околу 300.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.