Германската канцеларка Ангела Меркел беше само кратко во контакт со лекарот, кој подоцна беше позитивно тестиран за коронавирусот, па има добри шанси таа да не е заразена, изјави шефицата на нејзиниот кабинет Хелга Браун.

Таа рече дека Меркел во петокот примила вакцина против пневмокока, бактерија која предизвикува пневмонија, и отиде во самоизолација во неделата (вчера), откако дозна дека лекарот е позитивен на коронавирусот..

Меркел (65) ќе ја продолжи својата работа од дома и во следните денови, во повеќе наврати, ќе биде тестирана на Ковид-19



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.