Вооружени демонстранти влегоа во зградата на Сенатот на сојузната држава Мичиген, барајќи укинување на рестриктивните мерки, воведени поради коронавирусот.Некои од протестантите носеа автоматски пушки, но не и заштитни маски, ниту ја почитуваа наредбата за социјално дистанцирање.
Ова следува откако Гувернерката Гречен Витмер ја продолжи наредбата да се седи дома до 15 мај. Мичиген е тешко погоден од коронавирусот и досега починале 3.788 луѓе.
Состојбата не е ништо подобра ниту во Њујорк отако се донесе одлука сите училишта и факултети да останат затворени, а до крајот на овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.