Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот на Евреите и Арапите. Ваквите демонстрации во Тел Авив се само еден од протестите во бројни градови во Израел, со кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11 дена вооружени конфликти.
Лидерот на највлијателната арапска партија во Кнесетот, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел.
Овде живеат два народа и двата имаат право на самоопределување – порача Одех.
Познатиот израелски писател Дејвид Гросман истакна дека „битката што се води денес не е борба меѓу Арапите и Евреите, туку меѓу оние кои од двете страни се обидуваат да живеат во мир и во чесна соработка и оние кои и на едната и на другата страна се хранат со омраза и насилство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.