Речиси една третина (29,2 проценти) од компаниите во Германија ќе опстојат максимум три месеци, ако ограничувањата заради новиот коронавирус останат на сила подолг период, според студијата на водечкиот германски институт ИФО.

Нешто повеќе од половина (57,7 проценти) од компаниите во Германија истакнаа дека ќе опстојат максимум шест месеци, доколку ограничувањата останат на сила подолг период.

Клаус Волрабе, економист на институтот ИФО истакна дека бројките се алармантни и упатуваат кон бран на банкрот во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.