Американскиот претседател Доналд Трамп од говорницата на Обединети нации во Њујорк порача дека иднината им припаѓа на тие што си ја сакаат татковината и работат во нејзин интерес.
Иднината не им припаѓа на глобалистите. Иднината им припаѓа на патриотите. Иднината им припаѓа на суверените и независни нации, кои ги штитат своите граѓани, кои ги почитуваат своите соседи и разликите што ја прават секоја земја посебна и единствена, рече претседателот на САД Доналд Трамп во својот трет говор пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Патриотите гледаат на нацијата и на нејзината судбина на начин на кој никој друг не може. Слободата се чува, суверенитетот се обезбедува, демократијата е одржлива, а величието остварено само со волјата и предаденоста на патриотите, додаде тој.
Гледајќи наоколу и низ целата оваа голема, прекрасна планета, вистината јасно се гледа. Ако сакате слобода, бидете горди на вашата земја. Ако сакате демократија, зачувајте си го суверенитетот. А ако сакате мир, сакајте ја својата нација. Мудрите водачи секогаш го ставаат на прво место доброто на сопствениот народ и земја, порача Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.