Неколку дена пред неговиот 58-ти роденден и по скоро еден месец во изолација, кореографот Лучано Матија Канито ги загуби нервите.

Порака до сите нови шерифи и ноќни воини кои врескаат од терасите: Зошто да не ја искористите таа енергија за да им дадете на луѓето зборови на утеха, безбедност и љубов?“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Неколку дена порано неговиот брат, лекар во Тоскана, одел на работи кога некој се развикал од терасата, „Идиотe, oстани дома!”.

„Мојот брат работи 12 часа на ден во првите редови на оваа борба, на најопасното место во светот“, објасни тој за Јуроњуз.

Во последните неколку недели се објавени снимките на градоначалниците на некои италијански градови кои излегуваа на улица да ги караат граѓаните што го напуштиле домот, при што повеќе од 40.000 се казнети со казна за кршење на мерките за изолација. Сепак, не само полицијата и другите владини претставници се загрижени дека се почитуваат мерките воведени заради корона пандемијата. Низ цела Европа, обичните граѓани ја преземаа оваа улога, па дури и го добија името: „балконска полиција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.