Властите во Шри Ланка ги идентификуваа организаторите на бомбашките напади во градот Коломбо кои зад себе оставија повеќе од 200 загинати и 450 ранети.
Министерот за одбрана Руван Вијеварден, без да открива детали, изјави дека веќе се приведени седум лица, изразувајќи убеденост дека сите инволвирани наскоро ќе бидат уапсени. Експлозиите се случија во три цркви за време на велигденската литургија и во три луксузни хотели. Се претпоставува дека дел од нив се дело на бомбаш самоубиец, а за другите бил употребен експлозив Ц-4. Меѓу загинатите 30 се странци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.