Најново соопштение на Европол ни открива дека во Бугарија има дури 165 жртви на модерно ропство.
Жртвите на модерното ропство во Бугарија работеле за француски винарии, а од страна на Европол биле откриени преку акција против организиран криминал.
Луѓето робувале во четири фирми за производство на вино во близината на Лион, соопшти полициската агенција на ЕУ.
Членовите на бугарската група се одговорни за регрутирање во Бугарија, додека францускиот член на групата организирал логистика, вклучително и организација за сместување на работниците – изјави портпаролот на Европол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.