Една жена загина, а рабинот и уште две лица се повредени кога 19-годишен напаѓач отвори оган во синагога во близина на Сан Диего, Калифорнија.
Нападот се случи точно шест месеци подоцна откако 11 луѓе беа убиени во синагопга во Питсбург.
– Напаѓачот е идентификуван како Џон Ернест. Тој истрела повеќе рафали во синагогата што се наоѓа во округот Паувеј, во близина на Сан Диего, изјави шерифот Вилијам Гор.
Припадник на обезбедувањето пукал врз напаѓачот додека тој бегал, но го промашил и го погодил неговиот автомобил.
– Напаѓачот успеа да побегне со автомобил, но подоцна полицијата го стигна на автопатот и го уапси, истакна шефот на полицијата на Сан Диего, Дејвид Нислајт.
Ернест нема криминално досие, но се испитуваат тврдењата од манифестот објавен на интернет, каде тврди дека тој минатиот месец подметнал пожар во џамија во близина на градот Ескондидо, при што беше причинета само материјална штета.
Претседателот на САД, Доналд Трамп и други претставници го осудија нападот и го окарактеризираа како антисемитски.
Трамп истакна дека „по се судејќи се работи за злосторство од омраза“, додавајќи оти властите ќе го истражат случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.