Таканаречената Исламска држава соопшти дека нападот на Лондонскиот мост, во кој загинаа две лица, го извршил еден од нејзините борци, пренесува агенцијата „Амак“ која е поврзана со терористичката организација.
Исламска држава, сепак, не достави докази за своите тврдења, коментираат светските агенции.
Британската полиција претходно го идентификува напаѓачот како Усман Кан (28), кој во 2012 година бил обвинет за тероризам, а минатата година бил условно ослободен.
Исламската држава соопшти дека нападот е одговор на нејзините повици да се напаѓаат земјите кои се дел од коалицијата што се бори против екстремистичката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.