Најмалку 90.000 здравствени работници во светот се заразени со Ковид-19, соопшти денеска Меѓународниот совет на медицински сестри (ИЦН).

Сепак, ИЦН стравува дека таа бројка е можеби и двојно поголема со оглед на извештаите во кои се посочува за постојан недостиг на заштитна опрема во борбата против новиот коронавирус.

Во соопштението на ИЦН се наведува дека од Ковид-19 досега починале 260 медицински сестри и се апелира националните власти да водат попрецизна евиденција за да помогнат во спречувањето на ширењето на вирусот меѓу персоналот и пациентите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.