Хантер Бајден, синот на новиот американски претседател Џо Бајден, присуствуваше денеска на церемонијата за инаугурација, и покрај сојузната истрага која се води против него поради сомнителни трансакции во странство.
Хантер пристигна на инаугурацијата во придружба на својата сопруга и малолетен син.
Тој призна дека против него е покрената истрага, но објасни дека сите свои бизниси ги водел легално.
Оваа работа ја сфаќам многу сериозно, но убеден сум дека професионалното и објективно разгледување на ова прашање ќе покаже дека своите бизниси сум ги извршувал легално и на соодветен начин, истакна Хантер неодамна.
Бизнисите на Хантер во странство и евентуалната вмешаност на неговиот татко во истите, беа предмет на претседателската кампања во 2020 година, откако е откриено дека од неговиот лаптоп биле испраќани мејлови на една кинеска компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.