Камионџијата од Северна Ирска, Ронан Хјуз, кого јавноста го дозна откако во ладилникот кој го возеше беа пронајдени 39 мртви тела на виетнамци, денеска пред судот во Лондон се изјасни за виновен.

Тој се терети за убиство со умисла, а исто така, Хјуз се изјасни за виновен и за заговор за помош при нелегална имиграција на граѓани кои не се дел од ЕУ помеѓу 1 мај 2018 година и 24 октомври 2019 година, пренесува АП.

Другиот возач на камион, Морис Робинсон, кој го управуваше камионот кога беше пронајден во округот Есекс, веќе се изјасни за виновен за обвиненијата за убиство со умисла.

Третиот човек, Имон Харисон (23), исто така од Северна Ирска, се изјасни за невин за истите обвиненија.

Сите жртви од камионот со ладилник се Виетнамци, кои беа пронајдени на 23 октомври во задниот дел на камионот во индустриски парк во англискиот град Грејс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.