Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат беше негативна на тестот за корона вирусот, но лекарите одлучиле таа и натаму да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.

Германската канцеларка и натаму работи од домашниот карантин и најдоцна до почетокот на следната недела уште еднаш ќе се тестира на коронавирус, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Од владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Во текот на утрешниот ден таа треба да учествува на две видеоконференциски средби: прво со претседателите на држави и влади на земјите од групата Г-20, а потоа и со лидерите на Европската унија.

Тема на двете средби ќе биде борбата против пандемијата од коорна вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.