Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговиот противник, лидерот на опозицијата Хуан Гваидо, ги повикале своите приврзаници денес да излезат на улиците и покрај хаосот во земјата предизвикан од општото снемување на електрична енергија.
Поради снемувањето на струја во петокот скратено било работното време, многу летови биле откажани на аеродромите, болниците работеле бавно, а многу продавници биле ограбени.
Властите и опозицијата се обвинувале меѓусебно за овој проблем и ги повикале своите приврзаници на улица истиот ден, што би можело да доведе до судир.
#BREAKING: 18 states of #Venezuela (almost 70% of the country) including #Caracas are now experiencing massive blackout or power outrage almost 36 hours before the massive anti-#Maduro protests. Venezuelan authorities claim that it has happened due to sabotage!#7Mar #8Mar pic.twitter.com/3zOW8MwbnW
— Babak Taghvaee (@BabakTaghvaee) March 7, 2019
Го повикувам народот на Венецуела масовно да излезе на улиците против узурпаторскиот, корумпиран и неспособен режим кој не води во мрак, навел Гваидо на Твитер
Мадуро од своја страна ги повикал приврзаниците да излезат на улица против империјализмот.
Властите оцениле дека снемувањето на струја е намерна агресија од американските власти кои ја поддржуваат опозицијата. Додале дека ОН ќе достави докази за одговорноста на САД.
Засега не се знае причината за снемувањето на струја. Некои експерти ја обвинуваат власта дека не вложувала доволно за одржување на електричниот погон, додека електродистрибуцијата “Corpoelec” навела дека станува збор за саботажа на главната централа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.