Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени во четвртокот, на Денот на независноста на САД.
Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба.
Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.
Како што пренесе „АП“ на три локации во Алјаска биле забележани во четвртокот рекордни температури, што експертите го препишуваат на климатските промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.