Предлогот за воведување на таканаречениот „ковид пасош“ за слободно движење низ земјите на ЕУ, што ќе биде ставен на разгледување на 17 март, ќе важи само за вакцините кои ги одобрила Европската комисија за лекови (ЕМА).

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, потврди и дека неодобрените вакцини, исто така, нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност на ЕУ и контрола на квалитетот.

Како што тврди неименуван извор, еврокомесарот за правосудство Дидие Рејндерс јасно ставил до знаење дека земјите членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со други вакцини, но нема да им биде доделена „лиценцирана патна потврда“ доколку не примиле вакцина од некои од производителите што се одобрила ЕМА.

Во моментов, ЕМА ги има одобрено вакцините на четири производители: „Фајзер“/„БиоНТек“, „АстраЗенека“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.