Властите во Шпанија потврдија дека бројот на заразени од коронавирус во таа земја е поголем од 100.000.
Како што е наведено на порталот „Worldometer“, до денес до 12 часот бројката изнесува 102.136 вкупно заразени.
Како што пренесе „РТ“, веќе петти ден по ред забележани се 800 мртви за 24 часа.
Според податоците на порталот „Worldometer“, излекувани се 22.647 а 70.436 се активни случаи.
Шпанија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус. Според последните податоци, во САД се забележани 188.592 а во Италија 105.792 заболени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.