Пакистан денеска успешно тестираше балистичка ракета со краток дострел, способна да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави до 290 километри, соопшти армијата на оваа азиска земја. Во армиското соопштение се наведува дека ракетата „Газнави“ беше „кулминациската точка“ на годишната воена вежба на пакистанските стратешки сили.
Командантот на оперативниот корпус на пакистанската копнена војска, генерал-потполковник Мухамед Али, ги пофали „оперативната подготвеност и управувањето со вооружениот систем“.
Пакистанската нуклеарна и ракетна програма првенствено е насочена кон спротивставување на заканите од соседна Индија, која постојано спроведува рутиснки ракетни тестирања.
Двете земји имаат нуклеарно оружје, а територијалниот спор околу Кашмир доведе до две војни од нивната независност од Велика Британија во 1947 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.